Лето со Amo Ferragamo

0

Летото буди посебни чувства и расположение, позитивна енергија која се чувствува во воздухот.

Сензуалноста на топлите денови бара од нас мириси кои ќе го одбележат летото.

Ова лето нека биде во мирисот на Amo Ferragamo на Salvatore Ferragamo.

Ориентален флорален мирис кој официјално е промовиран оваа година. Креаторката која стoи зад парфемот е Marie Salamagne.

Прекрасни мирисни ноти кои веднаш ги чувствувате се кампари, црна рибизла и рузмарин.

Откако ќе ве опие првиот бран на мириси, следат мате апсолут, тахитска бела ванила, амброс и сандалово дрво.

Блескaв и гламурозен, Amo Ferragamo одлично се вклопува со свежите овошни нијанси нудејќи нова парфимирана зависност.

Дизајнот на шишето има текстура составена од мали призми кои што ја одразуваат длабоката страст на Salavatore Ferragamo за уникатни и скапоцени материјали.

Потонете во уникатниот мирис на Amo Ferragamo.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.