Летни идеи за уредување на домот

0

Доколку планирате да го преуредите домот во ритамот на летото, тогаш знаjте дека не ви е потребно многу време и големи промени…

Најпрво ослободете се од вишокот на работи кои се наоѓаат во вашиот дом, направете нов распоред на мебелот и исчистете се она што зимата оставила зад себе.
Доколку ова не успеавте да го направите со пристигнувањето на пролетта, тогаш еве одличен период за нова свежина и летни идеи во вашиот дом.
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (1)

Морските мотиви се секогаш во мода, а особено се популарни во текот на летниот период бидејќи асоцираат на одмор, плажа, релаксација и патувања.

Дневната соба може да ја декорирате и освежите со плетен или мебел од бамбус, перничиња, интересен текстил, завеси со пруги или принтани мотиви. Овие дезени се светли и веднаш ќе го променат изгледот на домот. Доволни се само 2-3 чекори во уредувањето, а собата веднаш ќе добие нова свежина.
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (2)

Во спалната соба може да декорирате со постелнина од сатен и светли нијанси. Доколку сакате да се почувствувате како на море, одберете постелнина со таков дезен.
Пред вратата поставете краток тепих што ќе послужи за дополнителна декорација на амбиентот во спалната соба. Купатилото пак, може да го декорирате со бели и сини пешкири, проѕирни завеси и детали кои асоцираат на море.
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (28)

Доколку ви се допаѓаат апликациите за на ѕид, може да изберете со птица или цвеќе. Доволно е 1-2 апликации за ѕидот да добие компетно нова димензија.

Летото е исто така одличен период за доминација на бела боја во ентериерот на домот. Доколу ја изберете белата боја, тогаш останатите нека послужат како декорација и збогатување на амбиентот на домот.
Со користење на белата боја во различни простории може да ја освежите и изладите собата визуелно.
Доколку пак сте љубители на поразиграни бои ,тогаш одберете ги оние кои комплетно ќе одговараат на крајниот изглед на ентериерот.

Во продолжение погледнете ја галеријата со свежи летни идеи за изгледот на ентериерот на вашиот дом.

zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (4)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (10) (1)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (12) - Copy
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (12)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (13)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (14)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (16)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (17)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (18)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (19)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (20)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (21)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (22)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (24)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (25)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (26)
zenski-magazin-sveze-letnje-ideje-za-uredjenje-enterijera (100)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.