Лесно и брзо – подгответе џем од кајсија во 3 чекори

0

Во овој период од годината, за среќа имаме многу овошје на располагање.

Зошто дел од него да не го искористите за подготовка на друг сладок производ, во случајов џем од кајсија.

Потребни состојки:

  • 1,5кг свежи кајсии
  • 1 кг шеќер
  • 200мл сок од јаболко
  • 1 голем лимон
  • мало парче путер


Подготовка:

Чекор 1

Измијте ги кајсиите и исчистете ги од семките. Исечете ги на парчиња, ставете ги во големо тенџере и додадете го сокот од јаболко. Гответе додека смесата не почне да врие, намалете ја температурата, а потоа гответе уште 10 минути додека кајсиите не омекнат.

Чекор 2

На смесата додадете шеќер и сок од лимон, потоа промешајте и оставете да крчка на умерена температура околу 20 минути.

Чекор 3

Тргнете го тенџерето од оган и извадете ја нечистотијата( ако ја има) од врвот на тенџерето. На жешкиот џем, додадете го парчето путер, добро измешајте ја целата смеса и оставете да се олади 10 минути. Така подготвениот џем, ставете го во стерилизирани тегли, затворете и чувајте го на темно и студено место.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.