Леони Хана – Ohh Couture, девојката со еден од најдобрите Инстаграм профили

0

Модна блогерка, инспирација за жените ширум светот кои сакаат да бидат поинакви и да имаат уникатен, препознатлив стил… Запознајте ја Леони Хана од Германија, лицето кое стои зад Ohh Couture.

Најголемиот број луѓе ја препознаваат од Lookbook, модниот блогерски сајт на кој секоја жена го покажува својот најдобар стил. Во „морето“ дами со свои профили, Леони е една од оние кои се издвојуваат по својата специфичност. Следствено на тоа има и впечатлив Инстаграм профил по кој „лудуваат“ младите девојки. Не постои некој што не би го копирал нејзиниот стил. Со причина.

Често пати учествува во натпревари организирани од Lookbook, каде што се избираат модни фотографии на одредена тема, но, исто така, често пати е и добитник на некоја од наградите.

Кога би требала самата да организирам натпревар на одредена тема, тоа би било ‘Како ги запознавате луѓето преку Lookbook‘ бидејќи и јас на овој начин стекнав многу пријатели.“

Оваа млада жена ја обожава модата. Својата страст кон убавото облекување ја спојува со страста кон патувањата и од нив произлегуваат најубавите фотографии што можете да ги видите на нејзините профили.

Уште како дете сакав да облекувам сè, да комбинирам, да експериментирам. Кажете ми, сте виделе ли дете што не е „лудо“ облечено, во најчудните комбинации?

Патува за да фотографира, да најде нова, интересна облека, а во слободно време бара идеи за своите следни патувања, се дружи со други модни блогери и разменува идеи.

Својот стил го опишува како „слоевит“ бидејќи сака да носи по неколку парчиња облека, дури и во лето.

Омилени работи на Леони

Без што не може да живее без – чоколадо со топени лешници, без своето семејство и момчето и без авокадо.

Фотографии со филтер или без – секогаш со филтер бидејќи ги разубавуваат фотографиите.

Омилена ТВ серија – „Сексот и градот“, заради модата, секако.

Омилена боја – црната е секогаш добра идеја.

Ако сакате да откриете што ново има да ни покаже Леони, тогаш заследете го нејзиниот Инстаграм профил и забавувајте се.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот