Леонардо ди Каприо ќе снима филм во Дубровник

0

Оскаровецот Леонардо ди Каприо својот најнов филмски прокет ќе го снима на Балканскиот полусотров. Имено, Лео ќе биде извршен продуцент на холивудскиот филмски спектакл „Robin Hood: Origins“ кој во јануари и февруари ќе се снима во Дубровник.

Според градоначалникот на Дубровник, Андро Влахишиќ кој прв ја објави оваа информација во Дубровник ќе бидат поставени кулиси за Нотингем. Градоначалникот на Дубровник изјави дека е можно да е во прашање трилогија, а не само еден филм.

За снимањето на филмот, во Дубровник ќе дојдат неколку оскаровци, меѓу кои и Џејми Фокс што ќе ја толкува улогата на Литл Џон. Робин Худ ќе го толкува актерот Тарон Егертон, улогата на Марион ќе ѝ припадне на Ив Хјусон, а филмот ќе го режира Ото Батуст.

Последниве години, Дубровник станува топ-дестинација за холивудските филмаџии. Таму  беа снимани сезони од хит-серијата „Игра на престоли“ и осмото продолжение на филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар