Леонард Коен замина во легендите

0

Леонард Норман Коен е роден на 21 септември 1934 година во Монтреал, Канада. Почина ноќеска, во 82 година од животот.

Канадскиот кантавтор, поет и романсиер првата збирка поезија ја објавил 1956 година, а својот прв роман во 1963 година. Првите песни на Коен, кои во најголем дел се наоѓаат на албумот Songs of Leonard Cohen (1968) се инспирирани од европските фолклорни мелодии. Неговата музика од 1970те остави длабок печат врз развојот на поп, кабаре и светската музика. Создаваше оригинална, поинаква и некомерцијална музика, секогаш меланхолична, што секогаш ги допираше луѓето што го слушаа. Затоа беше и ќе остане легенда на светската музичка сцена.

Ова се некои од неговите најголеми песни…

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар