Лековити својства на Бозелот

0

Бозел е растение од фамилијата Бозели, евроазиска билка, распространета на светли и топли места.

Расте како грмушка или како ниско дрво. Кората на стеблото е сивокафена и распукана. Младите гранки се зелени, со забележителни лентицели, а кога ќе се скршат се гледа бела, мека срцевина.

Листовите се поставени еден наспроти друг, непарно сложени во вид на перја, со долги зашилени и назабени ливчиња. Цутовите се крупни, во облик на штит, широки до 20 сантиметри. Цветотовите се со јак мирис, ситни, бели или бледожолти, со јасно видливи жолти антери. Плодовите се сјајни и тркалезни, со црновиолетова боја и со црвен сок.
Бозелот е лековита билка, а од него се користат цветот и зрелите плодови. Цветот има сложен биохемиски состав, со што помага во излачувањето на потта и на мочта. Бозелот се користи за лекување при настинки, грип, заболувања на горните дишни патишта и при ревматски заболувања, астма и алергија. Чај од цветот на бозел им се дава и на децата заразени од овчи сипаници, со цел да се забрза оздравувањето.

Цветот на бозелот дејствува и како диуретик и ги отстранува отровните материи кои се собираат при артритис и гихт. Најпосле, бозелот е корисен и за слабеење, зашто го забрзува метаболизмот и го исфрла вишокот вода од организмот.

Бозелот е богат со флавоноид, каротен, витамин А, Б и Ц.

Оваа билка меѓудругото може да помогне во борба против акни, чреви, конјунктивитис и кожни исфрлувања. Освен како лаксатив делува и како диуретик и допринесува за заздравување на бубрезите.


Како да подготвите сок од Бозел?
Бербата на овој цвет се прави на сончево и суво време кога Бозелот е расцветан. Многу е важно да најдете стебло кое се наоѓа во природна средина далеку од секакви загадувања. Берете цвет по цвет и ставајте го во ќеса како би се сочувала неговата чистота и свежина.
Потребно:
20 цветови бозел,
1 литар вода,
800гр шеќер,
сок од 1 лимон,

Подготовка:
Во 1 литар ладна вода потопете 20 цветови Бозел. Нека стои на ладно место 24 часа, но не во фрижидер.

Исцедете, додадете 800 гр. шеќер и сок од 1 лимон и оставете го да одстои уште 24 часа. Повремено промешајте за да се растопи шеќерот. Исцедете го низ дупла газа и претурете го во шише.
Овој сок се пие разреден со вода, а може и да се користи и природно минерална вода.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.