Лекции за стилот кои треба да ги знаете

0

Постојат жени кои каде и да се појават покажуваат дека имаат неверојатно чувство за стил. Мажите го обожаваат, жените им завидуваат. Доколку помислувате дека тие се часови стојат пред плакарот, се лажете. Тие едноставно добро ги имаат научено основните стилски лекции.

Па, научете ги и употребувајте ги.

Бела маичка, црни тесни фармерки и класични салонки се оние парчиња кои секоја жена мора да ги поседува.

lekcii-za-stil (3)

Не плашете се да комбинирате различни принтови. Никој никаде не запишал дека кошула со бобици не стои со шарено здолниште. Само треба да ги пронајдете вистинските комбинации.

Пробајте да експериментирате. Црниот припиен фустан кој досега ви беше резервиран само за вечерни излегувања може да биде прилагоден и за секојдневни прилики. Само додадете му фармерска или карирана кошула.

lekcii-za-stil (2)

Подвиткајте ги ракавите на кошулата! Оваа мала промена може да има големо влијание врз вашиот целокупен изглед.

Блуза со пруги одговара буквално со се. Лесна е за комбинирање, изгледа толку шик… Носете ја и чувствувајте се како Парижанка.

Ќе изгледате многу покул ако ја наметнете јакната над рамена или додадете интересна шарпа врз обичната памучна маичка.

lekcii-za-stil

Во плакарот задолжително имајте две комбинации кои ќе ги облекувате кога се брзате премногу или не сте сигурни што друго да ставите на вас.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот