Лејди Тачер инспирација за следната книга на Хилари Мантел

0

Хилари Мантел, двоен добитник на британската Man Booker, која го доби вниманието на читателите со книгата за животот на Кралот Хенри VIII, сега е повторно актуелна со најавата за следната книга – Лејди Тачер.

Книгата на оваа новелистка треба да биде објавена во септември, а претставува колекција на кратки приказни на под еден наслов “Убиството на Маргарет Тачер”.

Hilary_Mantel_7813

Николас Пирсон, директор во издавачката куќа Fourth Estate, изјавил:”Додека во последните две книги се истражуваше за тоа како Англија се градела со текот на годините, оваа книга зборува за тоа каква е денес земјата”

Двата бестселери на Хилари Мантел се Bring Up the Bodies и Wolf Hall, таа е жена која не се плаши да го каже своето мислење за земјата во која живее и за системот кој е воспоставен. Само за потсетување, таа Војвотката од Кембриџ ја нарече “кукла од излог без никаква личност во себе”.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.