Легендата за водопадите Игуасу

0

Игуасу  се водопади на истоимената река која се наоѓа на граница на бразилската држава Парана и аргентинската провинција Мисионес. Водопадите ја делат реката на горна и долна Игуасу. Изворот на реката Игуасу е во близина на градот Куритиба. Поголемиот дел од својот тек , реката го минува низ Бразил. Во својот слив со реката Сан Антонио, реката Игуасу ја формира границата помеѓу Бразил и Аргентина.

Iguazu_Décembre_2007_-_Panorama_3

Името „Игуасу“ потекнува од гваранскиот или тупискиот јазик и претставува сложенка од „игу“ (вода) и „уасу“, (голема). Легендата вели дека богот Игуасу сакал да се ожени со убава жена по име Наипи, која во чун побегнала со нејзиниот смртен љубовник Тароба. Збеснат, богот ја сече реката, создавајќи ги водопадите и осудувајќи ги љубовниците на вечно паѓање.

Iguazu-Falls-Tour-Say-Hueque-166

Во 1541 год, шпанскиот конквистадор Алвар Нуњез Кабеза де Вака ќе биде првиот Европеец кој ќе ги пронајде водопадите,според кого е именуван еден од водопадите во Аргентина.

Уште еден интересен факт околу овие водопади е тоа дека првата дама на САД Еленор Рузвелт,откако ги видела Игуасу Водопадите наводно извикала „Јадна Нијагара!“

iguazu-4-1024x685

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот