Легендата за Бугатито кое било на дното на езерото 73 години

0

Со децении веќе на сите кои живеат во околината на езерото Маџоре им е позната приказната, односно легендата за Бугатито кое се наоѓа на дното на езерото. Ова Бугати од 1925 година му припаѓал на прочуениот возач Рене Драјфус, кој успеал сепак да го изгуби на покер во Париз во 1934.
Бугатито го освоил извесен Адалберт Боде, швајцарски плејбој.

бугати 2

Откако го освоил Бугатито, Боде тргнал накај дома во својот нов автомобил, но без пари во џеб, па така не можел да ги плати потребните такси кога стигнал на Швајцарската граница. Тој само прошетал и им го оставил Бугатито на цариниците да прават што сакаат со него.
Во тоа доба, Бугати стар 10 години и немал некоја голема вредност, па цариниците на крајот го фрлиле во езерото.

Приказната станала дел од локалниот фолклор и дури во 60-те години нуркачот Уго Пијон, одлучил да го најде. Во 1967 година го пронашол на 50 метри под водата.
Автомобилот станал вистинска подводна атракција, но од езерото бил изваден дури во 2009 година.

бугати

Инаку овој автомобил е направен во Италија, а прв пат е регистриран во Франција. Автомобилот имал мотор со 4 цилиндри, со зафатнина од 1.5 литри и можел да достигне брзина од 160 километри на час, перформанси што за тоа време биле врвни.

На крајот ова Бугати завршило на аукција, а го добил американскиот музеј од Окснард. Луѓето од музејот одлучиле да не го реставрираат, туку го изложиле во неговата оригинална, распадната состојба.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.