Легендарните „Блек Сабат“ го одржаа последниот концерт

0

Британскиот бенд „Блек Сабат“ го одржа својот последен концерт во Бирмингем, пишува Би-Би-Си. Тоа е група која важи за творец на хеви металот.

Пејачот Ози Озборн (68) при тоа им се заблагодари на фановите за речиси петдецениската поддршка.

Турнејата наречена „The End Tour“ почна во јануари минатата година во САД и во нејзини рамки бендот одржа 81 концерт ширум светот.

Групата „Блек Сабат“ беше формирана во 1968 година од страна на Ози Озборн, гитаристот Тони Иоми, басистот Гизер Батлер и тапанарот Бил Ворд.

Извор: mia.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот