Легендарниот Роналдињо се враќа на Камп Ноу

0

Поранешниот фудбалер на Барселона и еден од најдобрите играчи на сите времиња, бразилецот Роналдињо, денеска повторно и официјално ќе стане дел од клубот во кој помина голем дел од кариерата и постигна огромни успеси.

Но, овој пат тој нема да се врати во клубот како фудбалер, туку како негов амбасадор и ќе се обиде да помогне во претставувањето и реализацијата на бројни проекти за промовирање на ФК Барселона на меѓународната сцена.

Официјалното претставување на Роналдињо треба да се случи во текот на денешниот ден, а самиот роналдињо на својот Твитер профил напишал дека е пресреќен што се враќа во Шпанија.

Тој во дресот на Барселона играше помеѓу 2003 и 2008 година и со нив освои две титули и во Примера и во Лигата на шампиони. Додека играше за клубот оствари преку 200 настапи за Каталонците.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот