Лебот ве прави уште погладни – знаевте?

0

Гладот не прашува за време и место туку само настапува и бара да биде задоволен. Во тие моменти не гледаме што ставаме во уста, туку само сакаме да го задоволиме чувството на празнина.Но знаете што е интересно? Што постојат намирници кои само го зголемуваат гладот, колку и парадоксално да звучи ова.

Белиот леб односно белото брашно кое се користи за подготовка на пецива и леб содржи влакна кои пружаат чувство на ситост. Кога јадеме леб го зголемуваме нивото на инсулин и се создава дисбаланс во организмот.

Сокот влегува во оваа категорија состојки. Здравите пијалаци содржат само шеќер од омиленото овошје, немаат влакна од целулоза кои ги добиваме кога ќе го јадеме овошјето. Со други зборови, го зголемуваме нивото на шеќер во крвта, кое потоа нагло паѓа и ние сме повторно гладни.

За брзата храна и не треба премногу објаснување бидејќи речиси секоја состојка од неа е дизајнирана да ве натера да посакате повеќе количество од истата храна.

Алкохолот го смалува нивото на лептин – хормонот кој се бори против глад и кој помага во одржување на нивото на ситост.

Знаеме дека не може постојано да се внимава на сè, но затоа пак повремено е добро да ги имаме информациите пред нас како потсетник на сето ова. И на крајот, ако не сте сигурни како да го креирате менито, секогаш можете да консултирате нутриционист кој ќе ви каже најдобро или во најмала рака вашиот семеен лекар кој ви ја знае медицинската историја.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.