Лавот, повторно е крал на Дакар!

0

Спектакуларна победа во еден здив за Стефан Петерхансел и тимот на Peugeot на Dakar 2016!

Се официјализираше крајот на 2016 Dakar Rally СО ЗАСЛУЖЕНА ПОБЕДА ЗА PEUGEOT!!!

Стефан Петерхансел – најискусниот рели возач во светот, човекот кој зад себе има 24 Дакар релија, му донесе победа на Peugeot со возилото Peugeot 2008 DKR специјално конструирано за Дакар 2016.

dakar 2 (1)

Интересно е да се истакне дека Peugeot доминираше за време на целата трка.

dakar 3 (1)

Уште на самиот старт на трката Peugeot се најде прв на листата. Во петтата етапа Лоеб, Петерханзел и Саинц остварија тројна победа со францускиот лав.

Вкупно три автомобили на Peugeot 2008 DKR стигнаа на целта во маратонот што траеше вкупно 13 фази.

dakar 4 (1)

Секоја фаза си имаше свои потешкотии, но тимот на Peugeot вешто успеа да ги надмине и совлада сите предизвици, со што заслужено стигна до победа!

dakar 5 (1)

Главни достигнувања:

  • Етапни победи: 9 од 13 за PEUGEOT 2008 DKR (етапа 2, 3, 5 и 13 за Леб / Елена; етапа 4, 6 и 10 за Петерхансел / Котре; етапа 7 и 9 за Сајнц / Круз).
  • Лидери: Леб (етапа 2 до 5 и 7), Петерхансел (етапа 6 до 8, па од 10 до 13) и етапа (фаза 9).
  • Победи на Стефан Петерхансел: 1991, 1992, 1993, 1995, 1997, 1998 – мотоцикл; 2004, 2005, 2007, 2012, 2013, 2016 – автомобил

dakar 6 (1)

 

За повеќе информации можете да ја погледнете ФБ страницата на Peugeot Sport https://www.facebook.com/peugeot.sport/ или на http://www.dakar.com/index_DAKus.html

dakar 7 (1)

dakar 8 (1)