Лавицата Акети и ему птици- нови жители на Скопје ЗОО

0

Лавицата Акети одзоолошката во Берлин е нов жител воскопската градина. 12-годишната лавица пристигна во Скопје пред 10-тина дена и веќе се прилагодува на животот во Скопје ЗОО. За неколку месеци друштво ќе и прави и лавот кој треба да пристигне од Софија. Лавицата ја добивме благодарение на соработката  со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и на нејзините зоо негуватели.

Во Скопје пристигнаа и четири ему птици бебиња кои од вработените ги добија имињата Теди, Ким, Бланка и Вили. Бебињата се многу љубопитни и весели, па постојано сакаат да си играат со своите зоо негуватели. Ему птицата потекнува од Австралија и е втора птица по големина во светот, веднаш по нојот. Четирите ему ќе живеат во живеалиштето на кенгурите или реон во зоолошката, познат како „Австралија“. Целиот овој простор наскоро ќе биде реновиран и изграден во Аборџински стил со помош на донаторот „Подравка“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот