Куркума за чиста кожа и негувана коса

0

Меѓу многуте ориентални зачини се истакнува куркумата, познат зачин под името Curry. Прекарот „златен зачин на животот“ го има добиено благдарејќи на огромното влијание на здравјето на човековото тело.

Со сушењето на коренот се добива златно-жолта боја на зачинот, поради состојката куркумина во составот. Куркумата е антиоксидант кој со бојата дава и антибиотички и антиалергиски својства. Многу истражувања докажаа дека куркумата како зачин помага за лекување на многу болести на телото како артритис, чиреви, Алцхајмеровата болест и уште многу други.

Антибактериско влијание

Куркумата може да се користи за нега на кожата и косата. Се користи за бројни воспаленија на кожата, смирување на акни, намалување на хиперпигментација, за здрав сјај и одржување на здрава, мека и еластична кожа.

За нега на телото во вашиот омилен лусион што го користите по туширање, додајте една лажичка куркума и со само неколку нанесувања на телото ќе почувствувате сјај и мекост. Истото може да го направите и со кремата за лице.

Постои еден вид куркума која не се користи за готвење туку само за козметички производи. Овој вид на куркума се вика Curcuma aromatica. Не остава жолта боја на лицето за разлика од обичната и нејзиниот мирис е многу пријатен. Но не е проблем да користите и обична куркума, бидејќи жолтата боја исчезнува за само неколку часа. Маската со куркума може да ја измешате со бадемово масло или неем и да ја користите кога не планирате да илзезете од дома.

Одлична за проблем со акни

Кога овој зачин го внесуваме преку храна или чај и слично, тогаш започнува прочистување на крвта и ублажување на белези од акни и намалување на маснотијата во лојните жлезди.

Кога имате проблем со акни кукрумата нанесете ја на лице со бадемово масло, или масло по ваш избор. Доколку немате, може да ја измешате со малку врела вода. Држете ја на кожата 15 минути и тоа повторувајте го постојано додека не забележите подобрување.

Во текот на денот земете и една чаша млеко и додајте куркума. Испијте го млекото и бидете сигурни дека за неколку дена проблемот со акните значинетлно ќе се подобри.
curcuma

Против брчки, испукани пети и како пилинг за тело

Куркумата може да ја користите и против брчики. Помешајте ја со мед и нанаесете ја смесата по вратот и лицето. Ако сакате да нанесете и на нежниот дел под очите, тогаш додајте малку разреден јогурт. Бидете вниматели со очите.

Ако имате проблем со испукани пети секојдневно намесувајте 1 лажички куркума со неколку капки кокосово, масилново или рицинусово масло. Држете ја смесата 10 минути, а потоа измијте ги петите со млака и малку студена вода.

Во Индија куркумата се користи и за пилинг на телото (како сапун, но тој често може да ја воспали кожата). Традиционално смесата се прави на следниот начин: една лажица солено брашно, прстофат куркума и две лажички млеко. Соленото брашно ги отстранува мртвите клетки и вишокот на масти и исто така спречува куркумата да остави дамки на кожата. Млекото содржи млечна киселина, која ја подобрува структурата на кожата со отстранување на мртвите клетки ѝ дава влажност и ја подмладува.

Ја смирува чувствителната кожа

На сувата и без животна кожа најдобро ѝ помага една лажица крем (лосион за тело), помешан со половина лажичка вода од роза или обична вода и малку куркума. Секој втор ден правате ја оваа маска доколку забележите дека кожата ви е дехидрирана и сува.

Ако пак кожата ви е чувствителна, со следните состојки веднаш ќе почувствувате разлика: две лажици млеко, една лажица мед, половина лажичка куркума и една лажица пире од свежо нане (што може да се направи во мелница – апарат за кафе). Оваа маска може да ја држите на лицето секојдневно по 20 минути, а резултатите ќе ве направат среќни.

Маска од куркума за коса

Куркумата се користи и како маска за коса и ја подобрува циркулацијата на кожата на главата и го храни коренот на влакното.

Кога се комбинира со други состојки, како што се мед и млеко, кокос или маслиново масло, може да се подобри растот на косата и да ги отстрани проблемите, како што се прекумерното опаѓање, чешање и првут.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот