Купувате кога сте под стрес?

0

Чувството на релаксираност кое го добиваат луѓето при шопинг е незаменливо. Ова е факт кој најдобро го знаат жените, но и другата половина не е исклучена. Свежината на лицето која се јавува после купување е израз кој сакате да го задржите подолго.

Купување кога се нервозни и кога сакаат да се релаксираат има ново – стрес шопинг.

Тоа се случува кога луѓето се под стрес заради работа, заради презафатеност и останати дневни случувања кои влијаат на ваквата состојба.

И што се случува?

Влегуваат во трговски центар, од продавница во продавница бирајќи облека без притоа да обрнат внимание на истата. Не внимаваат на детали, туку одлучувачки фактор е цената. Ако е прифатлива, тогаш ќе ја купат.

Стрес шопингот влијае да се купат и непотребни работи, а потоа да се складираат во плакар затоа што реално нема потреба од нив.

Hassled-ShoppingSM

Кругот се повторува со секој нов бран на стрес  – нервоза –купување – складирање и потоа одново истото.

Како позитивно искуство на луѓето кои купуваат кога се под стрес, се покажала следната постапка:

Седнете и напишете на лист хартија што сè ве прави нервозен, кои проблеми можете и морате да ги решите во догледно време.

Потоа ставете ги на друг лист тековните обврски и дадете максимум од себе да ги завршите во рамките на следниот работен ден. Сигурно нема да можете се наеднаш, но поставете приоритети.

Најдете си уживање кое ќе ве оттргне од идејата полудено да купувате

Разликата ќе ја забележите веднаш со тоа што следната шопинг тура ќе биде само заради сопствено уживање каде ќе купувате тоа што навистина ви е потребно. Пробајте!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот