Култниот роман „Мостот на реката Квај“ наскоро на македонски јазик

0

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, наскоро, за  првпат на македонски јазик, ќе го објави култниот роман „Мостот на реката Квај“ на францускиот писател Пјер Бул.

 Според овој роман е снимен истоимен филм кој е награден со седум оскари.

„Мостот на реката Квај“ (1952) е фасцинантна приказна за храброста, истрајноста и судирот на две завојувани империи, навидум сосема различни, но сепак прилично сродни. Романот е фикција, но е напишан врз основа на вистински настани.

Пјер Бул (1912-1994) бил француски писател. Најпознат е по неговите романи „Мостот на реката Квај“ и „Планета на мајмуните“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар