Кулинарски вештини кои морате да ги совладате до 30-та година

0

Ако не сакате секој ден да јадете сендвичи…..

Разликата меѓу почетникот и мајсторот за тестенини е во финесите и во правилното количество на состојките. Водата во која се вари тестенината треба да биде солена како океанот. Тука е и квалитетот на самата тестенина. Кога је истурате водата, оставете малку на страна, за да кога ќе го додадете сосот, постигнете природно кремаста структура. Потоа тестенините ставете ги во тавче со нелепливо дно, додадете ја водата што ја зачувавте и парче путер и се убаво промешајте. Кога тоа ќе го совладате….е тогаш сте подготвени за сосот.

ТРИ НАЧИНИ ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЈАЈЦА

Појадувањето пржени јајца секој ден може многу бргу да ви здосади. Но, кога ќе научите да правите кајгана, поширани или тврдо варени јајца и омлет, работите ќе се променат. Постојат бројни начини на подготовка на овие намирници богати со проеини кои можете да ги јадете во секое време од денот.

ПРАВЕЊЕ СОС

Сосот е лесен и брз додаток на сите јадења и го збогатува вкусот. Прженото месо комбинирајте го со сосот кој ќе го направите со малку вино, кромид и пилешки буљон, и за неколку минути ќе имате неверојатно вкусен сос. Тука е и сосот врз основа на домати, кој вклучува босилок, маслинки, малку бело вино, власец….и пробајте ја класиката: сос од лимон, капари и кафен путер.

НАПРАВЕТЕ ВИНЕГРЕТ СОС

Купечкиот дресинг е преполн со шеќери и други нездрави состојки. Наместо тоа, направете си сами. Винегретот сосот има две основни компоненти: киселини и масти. Киселината доаѓа од цитрусот, а масните елементи од маслото кое го добиваме од зеленчкот. Додадете малку сол, бибер, како додаток уфрлете сенф да за добиете погуста текстура и подобар вкус. Потоа можете да бидете креативни во изборот на другите состојки, како што се на пример мед, власец, ѓумбир, соја сос и разни други ароматни билки.

ОСТРЕЊЕ НА НОЖЕВИТЕ

Тапите ножеви се поопасни од оние острите и поголеми се шансите да ви се лизнат од рака кога сечете, поради тапата оштрица. За острење на ножевите користете наменски камен или рачен електричен апарат за острење.

НАУЧЕТЕ ДА РАКУВАТЕ СО НОЖОТ

Основните техники на ракување со ножот се неразделлив дел во готвењето. Можете да ја избегнете употребата на ножеви со купувањето готови јадења, но, ако подготвувате здрави, свежи намирници, ножот ви е неопходен елемент. Почнете со вежбање така што ќе почнете да сецкате кромид.

НАПРАВЕТЕ ПИЛЕШКИ КОТЛЕТ

За подготовка на пилешки котлет потребна ви е техника која бара, се на се, четири чекори: прво исечете го пилешкото месо, потоа извалкајте го убаво во брашно, потоа во јајца и на крај во лебни трошки. Така подготвеното место ставете го во врело масло и пржете го додека не добие крцкава кора. Тука се уште и варијациите со другите меса богати со протеини, како што се свинското, говедското, рибата, па дури и тофу сирењето. Така подготвеното место можете да го послужите со ориз и со бројни салати, но, можете да го ставите и во свежо печиво и да добиете вкусен сендвич.

НАУЧЕТЕ ДА ПРАВИТЕ ПЕЧИВА

Наместо постојано да одите во блиската пекарница каде јадете производи кои по малку и ви се здосадиле, пробајте да ги совладате основите на правење вкусни пекарски производи. Мафините се одлични, бидејќи во нив можете да ставите бројни состојки, но, и поради фактот дека можете долго време да ги држите во фрижидер без страв од расипување. Можете во нив да ставите банани, тиква, чоколадо и друго сезонско овошје.

ПРЖЕН ЗЕЛЕНЧУК

Кога свежиот зеленчук ќе го ставите во претходно загреана рерна, поради топлото опкружување, тој ќе почне да испушта шеќери и аминокиселини, што креира исклучително интензивен и пријатен вкус. Ако сакате крцкав вкус на зеленчукот, зголемете ја температурата, а врз него ставете малку масло и сол.

НАУЧЕТЕ ПРАВИЛНО ДА ЈА СОЛИТЕ ХРАНАТА

Адекватното и дозирано солење на храната е пресудно за вкусот. Важно е постепено да ја додавате солта, а не само на крајот на готвењето. Големите парчиња место бараат многу сол за да се добие вкусот кој го сакаме. Но, бидете и внимателни, на крајот, секогаш може да се додаде сол, но, не и да се одземе.

БЛАНШИРАЊЕ НА ЗЕЛЕНЧУКОТ

Готвениот зеленчук дава многу можности, а самиот концепт е многу едноставен. Доволно е само во садот да ставите малку вода и сол и да почекате се да проврие. Потоа додадете и зеленчук кој би требало да биде приближно со еднаква големина за да се зготви рамномерно, и варете се додека не стане мек.

Потоа извадете го зеленчикот и ставете го во цедилка па во сад со студена вода. Така зеленчукот ќе си ги задржи обликот и бојата, а вие ќе можете да направите вкусни салати.

ГУСТИ СОСОВИ

Никој не сака воденикави сосови. Главната намена на сосот е да биде додаток или премаз врз храната. Постојат бројни начини да се направат густи сосови, а овие се три основни техники: додавање на природно желатинести состојки како телешкото или пилешкото месо, уфрлање на полутечни состојки кои се комбинација од студена вода и пченкарен скроб и на крајот, правење традиционален француски сос beurre manie, кој се прави од путер и брашно и кој во кулинарството се смета за најдобар додаток кога сакаме да згуснеме некој сос.

ЧОКОЛАДЕН СОС

Јагоди потопени во чоколаден сос – тоа е совршен десерт и познат афродизијак. За да направите чоколаден сос прво треба чоколадото да го искршите на помали парчиња и да го ставите во сад со двојно дно. Над садот со жешка вода ставете пластичен или стаклен сад во кој сте го ставиле чоколадото. Топлината на водата ќе влијае тоа да се растопи и да добие мазна и кремаста структура.

ТРИ ОСНОВНИ ЈАДЕЊА

Секој маж мора да научи да прави три основни оброци. Така ќе бидете подготвени да ги викнете пријателите кај себе на вечера, ќе стекнете самодовреба пред шпоретот, што ќе ви помогне да експериментирате и да бидете креативни во подготовката на храна.

ЧИСТАТА КУЈНА Е НАЈВАЖНИОТ ЗАКОН!

Совладувањето на сите погоре наведени техники е одлична работа, но, ништо нема да вреди ако кујната не ја одржувате редовно. За да ви остане кујната чиста, најдобро е веднаш да ја средите после готвењето. Редовно миете ги и дезинфицирајте ги ножевите и останатиот прибор, особено ако се од дрво, за да ги остраните бактериите.

Извор: http://www.menshealth.rs/

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар