Кујната е срцето на домот

0

Кога го уредувате вашиот дом, обрнете големо внимание на вашата кујна. Колку и да се трудите околу дневната или спалната соба, кујната е важна просторија на вашиот дом и не смеете да ја запоставите.

Кујната треба да биде срцето на домот, катче во кое сите ќе сакаат да престојуваат. Најпрвин, не штедете на простор и дозволете си голема кујна во која ќе има простор за сите елемнти и можност да ставите маса.

kujni (3)

Одберете топли и светли бои за вашата кујна, како зелената, кремовата, жолтата, црвената или портокаловата. Во кујната треба да има што повеќе продор на природна светлина, а доколку тоа не е возможно, инвестирајте во добро осветлување.

Внесете што повеќе дрвени елементи за да создадете чувство на топлина, зеленило, со тоа што ќе посадете зачини во саксии и симпатични кујнски алатки.

kujni (2)

Кујната треба да биде просторија во која ќе има пријатна атмосфера за сите оние моменти со вашето семејство, додека ручате или вечерате, кога разговарате и споделувате моменти и приказни за тоа како поминал денот.

Кујната треба да биде место каде со задоволство ќе го пиете утринското кафе, ќе ве инспирира да ги направите мафините кои вашиот сопруг ги обожава или да ја направите питата по рецептот од баба.

kujni

Доколку имате деца, вклучете ги и нив во уредувањето и чистењето на кујната. Нека одберат тие каква боја сакаат за ѕидовите во кујната. Кажете им по некоја мала тајна за готвењето. Оставете ги да ви помогнат додека приготвувате ручек за да го засакаат готвењето, затоа што луѓето што сакаат да готват се посебни, а навиките се учат од мали нозе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот