Куглање – комбинација од спортски дух и страст

0

Играта куглање датира уште пред нашата ера, а податоци за древно куглање се пронајдени во Египет. Варијантата со девет кегли долго време била најпопуларна во САД, но со законот донесен во триесеттите години  на минатиот век од страна на американската влада спортот е забранет поради нелегално обложување. Сепак,  луѓето нашле начин како да ја заобиколат таа одлука, па додале кегла плус со што настанало денешното куглање во Америка со десет кегли. Куглање на девет кегли кое се практикува во Европа, познато како класично куглање е спортска игра која е различна од американската варијанта. Професионалните играчи сметаат дека овој спорт е комбинација од страст, емоции и спортски дух.

kuglanje

Куглање се игра со помош на кугла која треба да се упати до кеглите и да ги сруши. Целта е да се срушат сите девет или што повеќе од нив. Во поглед на теренот за игра правилата се стандардни. Стандардната кугла е тешка 2,85 килограми со дијаметар од 160 милиметри додека помладите категории користат помали кугли. Должината на патеката е долга 19,5 метри а широка 1,2 метри.

Во Македонија играта постои од 1977 година кога е официјално регистриран првиот играч, иако натпревари се практикуваат и неколку години порано (Од 1974) во кугларницата “Мусандра“ во Скопје на рекреативно ниво. Првите регистрирани клубови се Вардар, Металург, Сини, ФАС, Метропол, Работнички, Парк, 22. Декември, Пелагонија, Алумина, Макпетрол, Металец итн.

КК Работнички (околу 1985 година) со составот за Прва Југословенска лигаКК Работнички (околу 1985 година) со составот за Прва Југословенска лига

Во земјава постојат три активни кугларници каде тренираат нешто повеќе од осумдесетина регистрирани играчи. Моментално, во Македонија функционираат следниве клубови: Макпетрол, Вардар2014, ГТЦ, Империјал Тобако ТКС, 18 Август, и Хераклеа Битола. Актуелен државен првак е Виктор Николовски, играч и тренер на „Макпетрол“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.