Круните кои се хит во светот

0

Бајковитите и чудесни круни на морските сирени кои ги гледавме само по анимираните филмови, сега ги има и во светот на модата.

Трендесетерките полудеа по овие неверојатни круни кои ги изработува Челси Шилс, млада дизајнерка од Мелбурн.

Ретко која девојка би можела да одолее на нејзините круни. Тие се толку прекрасни, волшебни, едноставно – совршени!

Младата дизајнерка како мала сакала да стане принцеза кога ќе порасне, а кога ја прочитала приказната за Малата Сирена, бескрајно се вљубила во неа, па појдовната инспирација за овие круни доаѓа токму од оваа бајка.

Челси уште како тинејџерка се занимавала со изработка на накит, но сега дефинитивно го освои светот со овие невообичаени круни.

55-99-44-99--54 (2) 55-99-44-99--54 (4) 55-99-44-99--54 (5) 55-99-44-99--54 (6) 55-99-44-99--54 (7) 55-99-44-99--54 (8) 55-99-44-99--54 (9) 355-99-44-99--54 (3)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар