Криси во шоуто на Колберт откри кој го даде името на бебето

0

Во очекување на првото дете, убавата двојка Криси Тајген и Џон Леџенд имааат смислено неколку имиња за ќеркичката. Имињата му се допаднаа и на претседателот Обама.

Криси Тајген гостуваше во шоуто на Стивен Колберт „The Late Night Show“ и ја промовираше својата книга со рецепти.

Додека го учеше водителот како да подготви вкусна виетнамска храна, таа пред публиката сподели нешто интерсно.

„Го прашав претседателот, Обама, бидејќи сме блиски пријатели, дали му е допаѓа некое од имињата кои ги смисливме со Џон за нашето бебе, а тој кажа дека му се допаѓаат.
Сакав да го прашам него бидејќи Џон е неодлучлив, па помислив ако на претседателот му се допадне некое од имињата значи ќе му се допадне и на мојот сопруг“- сподели таа за време на шоуто.
Домаќинот на шоуто се пошегува додавајќи дека мора и тој да се сложи за името на бебето.

Штом претседателот на Америка се согласи за името, тогаш се е лесно. 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот