Крф – остров кој зрачи со аристократска аура

0

Крф е најсеверниот остров на Јонскиот архипелаг и е втор по големина во Јонското море.

336-2016 (16)

Крф изобилува со планински релјеф, бујна вегетација, долги песочни плажи, византиски цркви, венециски тврдини…

Стариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор.

Според легендата, Крф е островот кој успеал да го воодушеви античкиот јунак Одисеј со прекрасната природа, спој на цивилизации и тиркизно море.

336-2016 (7)

Островот се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО и е наречен „град кој зрачи со аристократска аура“.

Покрај волшебното крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи на кои можете да уживате со часови.

336-2016 (12)

Најразвиени се плажите на источното крајбрежје, каде што се наоѓаат и многубројни хотели и барови. Северниот дел од Крф е резервиран за мирен одмор, додека плажите во јужниот дел на Крф се совршени за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини.

Што не смеете да пропуштите на Крф?

Палатата на австро-унгарската принцеза Елизабета позната како Сиси која поминала значителен дел од животот овде. Тука се крие богата историја исполнета со митологија, религија, верувања…

Познатиот антички  локалитет и видиковец Канони е од времето на Наполеон Бонапарта и Француските демократи. Ова место е едно од најубавите кое ќе го воодушеви секој патник без разлика на тоа колку е пребирлив.

Некои од карпестите плажи кои што мора да се посетат се Палеокастрица, Агни Беј, Нисаки и Каминаки. Додека пак од песочните плажи, не смеете да ги пропуштите Сидари, Глифада, Агиос Горгиос (северна и јужна), Акарави, Агиос Стефанос и Каликоунас.

336-2016 (14)

Крф е една од најпосакуваните летни дестинации поради одличната туристичка понуда која вклучува забавен ноќен живот, голем избор на хотели, станови, студија и вили кои ќе го задоволат сечиј вкус.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот