Крем колаче во вашата омилена шолја

0

Следното утро покрај вас треба да имате две шолји, во едната топло кафе, во другата колаче. Направете си вкусно Нутела колаче за само неколку минути. Уживајте во утрата, изненадете ги најблиските, пријателите кои дошле ненајавено, децата на вашите соседи…

3 лажици Nutella

1 јајце

2 лажици млеко

2 лажици растително масло

3 лажици брашно

3 лажици шеќер (доколку сакате да биде поблаго можете да додадете и повеќе, бидејќи ова колаче во принцип и не е многу слатко)

1 лажица какао во прав

¼ лажица сода бикарбона

19b54a5c-6534-4494-9f71-866a5c5240c7

Подготовка:

Во чаша ставете го јајцето, млекото, маслото и нутелата. Мешајте додека не се соединат сите состојки. Додадете ги и брашното и какаото во прав. Додадете шеќер и сода бикарбона и помешајте ги состојките. Ставете ја чашата во микробранова печка на највисока температура во времетраење од една минута. Проверете дали е добро печено и не дозволувајте колачето да се пресуши. По ваша желба, украсете со шарени бонбони, ливчиња од нане, парче портокал, цимет…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.