Креациите на Мајда Бекали – уметнички дела со силна порака до светот

0

Мајда Бекали е француска креаторка на парфеми, родена во семејство со благородна традиција во Фес, Мароко. Негувана од уметноста и мирисите уште од рана возраст, таа растела со чудесните приказни за нејзините предци. На возраст од 18 години, се преселила во Париз за да ги заврши постдипломските студии од областа историја на уметноста.

На крајот од обемната и богата студиска програма, таа ја презема креативата на неколку парфеми на големи брендови. Водена од пасијата кон мирисите и потрагата по суров материјал за нивно создавање, во 2009 година формира своја „куќа на парфеми“. Благодарение на двојната култура, ориенталната и европската, мароканската и француската, истата се рефлектира низ нејзините креации.

Производите се навистина исклучителни, со одличен квалитет и концентрација на мириси. Секој од нив е мало уметничко дело и носи порака до светот изразена преку креацијата на Мајда Бекали.

Нејзините дела не следат трендови, тие се уникатни и посебни, со значење за секој личност која ги поседува и која што знае да препознае убавина, која ја разбира разликата помеѓу стандардни продукти и генијални креации.

Уникатните шишиња патуваат низ 4 фабрики пред да бидат наполнети. Произведени се во Северна Франција, а крајната дестинација е во Нормандија, каде се полираат рачно.

Мајда Бекали има две колекции со нејзин потпис:

The Olfactory Sculptures каде ги има парфемите The Olfactory Sculptures: – J’Ai Fait Un Rêve (clair) / I Had A Dream (light) – J’Ai Fait Un Rêve (obscur) / I Had A Dream (dark) – Fusion Sacrée (clair) / Sacred Fusion (light) – Fusion Sacrée (obscur) / Sacred Fusion (dark) – Mon Nom Est Rouge / My Name is Red – Tendre Est La Nuit / Tender is the Night.

Втората колекција го носи името El Andalus каде досега ги има Tulaytulah и Mudejar кој наскоро треба да се појави.