Краставица за одлично здравје и блескав тен

0

Овој здрав и вкусен зеленчук е полн со витамини и минерали- одлично влијае на здравјето и е вистински природен еликсир за мека и свежа кожа.

Ако редовно во исхраната конзумирате краставица, ќе бидете постојано свежи, витки и убави. Ќе имате блескав тен, затегната кожа и младалачки изглед.

Зошто треба да јадете краставица прочитајте понатаму…

Богата е со витамини и минерали кои даваат енергија
Овој зеленчук е вистинско богатсво и изобилува со витамин Б, А и Ц- витамини кои се неопходни за нашиот метаболизам, здравје и енергија.
Најмногу витам Ц се наоѓа во лушпата на краставицата така да добро измијте ја и јадете ја со лушпа. Покрај тоа краставицата е богата со минерали како калиум, магнезиум и силициум.

Го хидрида, обновува и чисти организмот од токсини
Во составот на краставицата се наоѓа дури 90% на вода. Поради тоа е одличен освежувач за телото и го чисто од токсини. На кожата и дава сјај и блескав тен.

Помага за намалување на килограмите
Поради водениот состав овој зеленчук се препорачува во секоја диета како и во антицелулитните третмани за подобри резултати.

Одлична е како маска за лице и за подмладување на кожата
Екстрактите од краставица се неизоставен дел во козметичките препарати, а вие може и дома да си подготвите маска за лице.
– Изблендирајте една краставица и додадете јогурт. Држете ја маската на лице 30 минути, а потоа измијте. Веднаш ќе почувстувате свежина на кожата.
Покрај тоа може да исечете и округли форми од краставица и да ги поставите на очите- помагаат при умор и ги намалуваат подочниците.

Кога ќе изгорите на плажа краставицата помага за намалување на изгорениците. Ако претерате со сончањето, маска на база на кисело млеко или јогурт со краставица може да ја измазни кожата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар