Крамбл со шумско овошје и лешници

0

Крамбл е комбинација од слатко – путер тесто со лешници и пудинг од мешано овошје.

Состојки

За тестото ќе ви треба:
125 гр. бело брашно
125 интегрално брашно
4 лажици кафеав шеќер
1 ванилин шеќер кора од пола лимон (ситно нарендана)
1/3 лажичка сол
50 гр. сечкани или дробени лешници
125 гр. путер

За овошниот дел треба:
350 гр. шумско овошје (може и смрзнато)
4 лажици кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
1 рамна лажица густин

Ќе ви треба и:
путер за премачкување

Подготовка

Чекор 1: Рерната вклучете ја на 180 степени.

Чекор 2: Тавата премачкајте ја со путер и на дното наредете го овошјето. Над овошјето ставете го шеќерот, ванилиниот шеќер, густинот и благо протресете ја тавата за да се измешаат состојките.

Чекор 3: Во друг сад ставете ги двата вида брашно, ванилиниот шеќер, кората од лимон, солта и ладниот путер исецкан на коцки. Сите состојки тријте ги низ дланки за да добиете убаво зрнесто тесто. На крај додајте ги лешниците. Измешајте со вилушка и распоредете ги трошките над овошјето.

Чекор 4: Печете околу 35 минути додека да зарумени и стане крцкав. Сервирајте во чинија додека е топол! Можете да го сервирате и со топка сладолед.

Рецептот е преземен од moirecepti.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот