„Кожувчанка“ и Реал Мадрид заедно на фудбалските терени во Скопје

0

„Кожувчанка“ ДОО се приклучува на најдобриот тим, на најдобриот фудбалски камп, со тоа што ќе ја поддржи Фондацијата Реал Мадрид.

Летово на терените на комплексот на Фудбалската Федерација на Македонија ќе се одржи летен камп кој ќе има едукативен карактер. Целта е да се стави акцент на спортскиот живот и рекреативниот развој кај децата.

Фондацијата „Real Madrid Capmpus Experience“ ја има на пет континенти, а летово во Македонија ќе работи со деца на возраст до 7 до 17 години. Согласно стандардите на Реал Мадрид Фондацијата, на секои 20 учесници ќе има по еден тренер. Дополнително, во рамки на едукацијата ќе учествуваат и други предавачи, како од Шпанија, така и од Македонија. Дел од планот се аниматори кои ќе го организираат слободното време на учесниците меѓу тренинзите.

Кожувчанка ДОО со гордост е дел од овој тим, а воедно ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од истиот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот