Кожув поразен во Приштина од шампионот Сигал

0

Кошаркарите на шампионот на БИБЛ лигата Сигал Приштина, успеаа да го совладаат Кожув со резултат од 74-56, во првиот натпревар од 4. коло од Б-групата а со тоа воедно ја запиша и својата 4. та победа во групата.

Кошаркарите на Кожув беа во негатива целиот натпревар и на полувреме заминаа со негатива од дури 20 поени, а во последната четвртина имаа негатива од 29 поени, но успеаа да ја намалат и на крај и да ја добијат последната четвртина со 19-15.
Најефикасни поединци на натпреварот беа Мохамед Абукар кај Приштина и Александар Радуловиќ кај Кожув, и двајцата со по 22 поени.

На табелата сега Приштина убедливо води со 4 победи и без ни еден пораз, Кожув има една победа и три порази додека Левски и Пеќ имаат скор од една победа и два порази и вечерва играат меѓусебе во вториот меч од колото.
Сигал-Кожув резултат по четвртини: 17-8; 22-11; 20-18; 15-19.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот