Козметиката Bobbi Brown пристигна во Аnabella Skopje City Mall

0

Утре (сабота 25.02), во парфимеријата Anabella во трговскиот центар Skopje City Mall ќе се одржи промоција и запознавање со светски познатата козметика Bobbi Brown, заедно со официјалниот претставник на брендот, Diána Hornyák.

Промоцијата, која ќе трае од 12 до 16 часот, ќе биде отворена за сите кои се заинтересирани да се запознаат и да дознаат нешто повеќе за козметиката која прв пат доаѓа во Македонија, а која ќе се продава ексклузивно во Anabella Skopje City Mall.

Првите 30 купувачи на производи од Bobby Brown ќе добијат брендирани подароци.

Ве очекуваме.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот