Коста Дел Сол – спој на природна убавина и луксуз

0

Доколку посакувате одмор од соништата, покрај бескрајни сини пејзажи, тогаш Коста Дел Сол е вистинската дестинација за вас.

Оваа дестинација, иако е позната по долгите брегови, ситен песок и многу сончеви и топли денови, сепак, има и нешто повеќе… Јужниот брег на Шпанија на туристите им нуди магија, хедонизам и луксуз.

costa-del-sol (8)

Коста дел Сол нуди комбинација на одмор, уживање на сонце и волшебни слики, место кое со години котира високо на листите со најпопуларни дестинации за совршен летен одмор.

Секоја година повеќе од 5 милиони туристи го посетуваат југот на Шпанија и уживаат во магиите на Медитеранот.

costa-del-sol (7)

Климата е совршена, плажите преубави и романтични, спектарот од содржини за одмор и атракции- преголем…

Марбеља е одлична дестинација и главен туристички центар на Коста дел Сол. Има премногу атрактивни места кои го заслужуваат вашето внимание. Исто така, ова место е вистински рај за вљубениците во голф поради огромниот број на терени за голф.

costa-del-sol (5)

Со сигурност, Коста Дел Сол ќе ги освои сите ваши сетила!

costa-del-sol (4) costa-del-sol (3) costa-del-sol (2) costa-del-sol (1) costa-del-sol

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар