Корапски водопад – посетете го што побрзо!

0

Нашата земја, иако мала има наавистина што да понуди и за домашните и за странските туристи. Изобилува со природни убавини во кои се заљубувате на прв поглед. Една од многуте убавини е и водопадот на планината Кораб. Специфично за овој водопад е што интензитетот на неговиот тек е променлив и тоа го прави еден од поуникатните водопади во земјава. Кога го гледате овој водопад како се издигнува пред вас ќе имате чувство дека тој се гали со небото, малите бели облачиња и дека со ширум отворени раце ги прегрнува сончевите зраци.

47-8 (4)

Корапскиот водопад уште познат и како Пројфелски водопад е сместен во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.

Водопадот се појавува со топењето на снегот на пролет. Најголем интензитет има во првите дваесетина дена на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина. Крајот на летото и почетокот на есента, водата само се лизга по карпите, а во сушни години комплетно пресушува. Токму затоа, овој период  од годината е како по мерка направен за да го посетите Корапскиот водопад.

47-8 (3)

Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат меѓу 70 до 138 метри. Точната висина на водопадот може да зависи и од различните точки кои се земени при различни мерења. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м,а а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.

Најдобриот пристап до водопадот е преку долината на Длабока Река. Може да се пристапи од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужње, или од десната страна преку Бибај, покрај врвот Кабаш.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот