Контролирајте го бесот, СЕГА!

0

Сите знаеме дека бесот, ако не го контролираме, може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Затоа, не сакаме да го нарушиме своето здравје, дозволувајќи му на бесот да раководи со нас.

Полесно е да се каже отколку да се направи, но сепак е возможно. Постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да се изборите со себе во конкретни ситуации кога се чувствувате како “темпирана бомба“ која е подготвена да испука.

Доколку во моментот не гледате излез од ситуацијата, обидете се да ја прифатите колку е можно помирно. Бидете флексибилни и секогаш обидувајте се да го извлечете доброто од секоја ситуација. Ова особено важи кога сте заглавени во сообраќај. Колку и да е нервозно само да седите во автомобил и да не можете да се придвижите, пуштете радио и најдете ја својата омилена песна.

Верувајте, стресот ќе се намали а времето побрзо ќе помине.

На работа, веројатно сите одвреме навреме се соочуваат со проблеми и неочекувани ситуации. Наместо да му се развикате на колегата до вас, станете од своето биро, напијте се чаша вода и прошетајте надвор од канцеларија. За тоа кратко време бесот ќе стивне и веројатно ќе се чувствувате подобро кога ќе се вратите назад.

Слушајте и простувајте. Нема да верувате колку трпението да ја ислушате другата страна до крај може да ви помогне да ги разберете работите подобро и да го исконтролирате бесот кога некој нешто ќе ви погреши. Сите имаат свои причини и доколку оставите простор да се објаснат, ќе успеете и да простите. Доколку сте вие во таа ситуација, со сигурност ќе ви дојде добро да наидете на разбирање од другата страна.

Без обид да се биде перфекционист во се. Убаво е да се трудите да исполните се што сте замислиле, но кога нешто не оди, не оди…Нема потреба да си правите дополнителен притисок да бидете најдобри во се. Не само што не е возможно, туку не е ни потребно. Оставете нешто и за утре, се ќе биде во ред.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.