Конекцијата помеѓу „Титаник“ и „Големиот Гетсби“ – сосема нова перцепција за филмовите

0

Најверојатно сте го гледале „Титаник“повеќе од еднаш, а „Големиот Гетсби“ сигурно сте го прочитале во средно училиште, а и ретко кој ја пропушти екранизацијата на Баз Лурман во 2013 година. Барем се сеќавате на одличната изведба на Леонардо ДиКаприо и во двата филма.

5
6

Но, неодамна филмоманите дојдоа до интересна теорија која може да ви ги уништи овие филмови, или пак може ќе ве заинтригираат за повторно да ги изгледате. Нивната теорија буди едно прашање:
„Дали Џек Досон и Џеј Гетсби се истиот човек?“

Да се потсетиме – Џек Досон е сиромашен уметник кој со коцкање освојува билет за патување на Титаник. Веднаш по качувањето на бродот, тој започнува да копнее по луксузниот живот на тие околу него. Сите знаеме дека тој на крајот умира, но што ако тоа не е точно? Што ако тој успева да го замени скапоцениот дијамант Океанско Срце на Роуз со фалсификат, го зема дијамантот за себе, го преживува тонењето, го продава дијамантот и го поминува целиот живот со огромна сметка во банка?
Иако теоријата делува како нечија бујна фантазија, има многу сомнителни коинциденции кои не може да ги игнорираме:

Префинет вкус за убави нешта

Кога Кал го поканува Џек на вечера со патници од првата класа откако тој и го спасува животот на Роуз, веднаш се забележа желбата на Џек да го има овој животен стил. Како и Гетсби, тој станува опседнат со богатство за да ја освои љубовта на Роуз.


3

4

Коцкање

Како успева сиромашниот уметник Џек да се најде на луксузниот Титаник? Тој освојува билет на партија покер. А како Гетсби го добива своето богатство? Со илегално коцкање. Уште една сомнителна коинциденција, нели?

7
Патуваат како млади

Откако Гетсби бега од својот дом на 17-годишна возраст, тој станува личен асистент на Ден Коди. Заедно тие патуваат околу светот на јахта, каде Коди го подучува Гетсби џентлменски манири.

8
А во другата приказна, Џек Досон патува околу светот со човек наречен Фабризо Де Роси, откако неговите родители починуваат.
Можеби деталите не се идентични, но минатото на двата лика се премногу слично. Можно е и Ден Коди и Фабрицио Де Росси да се еден ист човек, како и Досон и Гетсби.

Дејзи и Роуз

И женските ликови во приказните се многу слични. Живеат речиси ист живот. Двете се во несреќна љубовна врска во која и двете се злоставувани од партнерот. И двете се богати. И двете се заљубуваат во ликот игран од Леонардо Ди Каприо. Што ако, по тонењето на Титаник, Џек трага по жена што го потсетува на Роуз? И што ако таа жена што е налик Роуз е баш Дејзи Бјукенен?

9
10

Големи количества на вода се инволвирани

Неколку теории на филмоманите сугерираат дека фобијата од пливање на Гетсби, која никогаш не е јасно кажана во книгата, но го наговестува тоа, може да е предизвикана од сеќавањето од неговиот живот как Џек Досон и тонењето на Титаник.

11
12

Но, исто така, и во двете приказни, Гетсби и Досон умираат во вода – Џек потонува во океанот по целосно замрзнување во ладната вода, додека Гетсби паѓа во базенот откако е застрелан. Дали и ова ви делува на случајност?

Многу часовници

Кога Џек ја напушта вечерата на Кал, тој и подава порака на Роуз која вели „Нека се смета ова. Чекај ме кај часовникот.“ А дали знаете кои исто така се соединети пред часовник? Секако, Гетсби и Дејзи. Кога овие двајца се сретнуваат во домот на Каравеј, Гетсби го турка часовникот од полицата на пријателот.

The movie "Titanic", written and directed by James Cameron.  Seen here, Leonardo DiCaprio as Jack.  Initial USA theatrical wide release December 19, 1997.  Screen capture. © 1997 Paramount Pictures and Twentieth Century Fox. Credit: © 1997 Paramount Pictures and Twentieth Century Fox / Flickr / Courtesy Pikturz.  Image intended only for use to help promote the film, in an editorial, non-commercial context.

Истиот актер

Сигурно се работи за судбина што ги соединила Ди Каприо, Досон и Гетсби повторно. Најверојатно Универзумот сакал сите ние да ја дознаеме вистината за овие два омилени ликови.

Како и да е, интересна теорија за размислување.

cover