Конечно Оскарите добија смисла – Лео ја доби златната статуетка!

0

Синоќа се одржа 88-то доделување на престижните Оскари во Долби театарот во Лос Анџелес, а ѕвезда на вечерта беше очекувано Леонардо Ди Каприо.

Вечер исполнета со емоции, луксуз, забава, музика, талентирани глумци и режисери заслужни за своето дело присуствуваа на 88-то доделување на престижните награди на Филмската академија чиј домаќин овој пат беше незаменливиот Крис Рок.
Отварајќи ја вечерта на Оскарите тој им посака добредојде на сите бели луѓе на овогодинешната листа на номинации. Секако не го испушти моментот да потенцира дека оваа година на листата на номинирани се само бели луѓе.

Леонардо Ди Каприо беше дефинитивно ѕвезда на вечерта и победник во категоријата за најдобра машка улога во филмското остварување „The Revenant“. Конечно светот е задоволен со изборот на Аакадемијата.
Имено, Лео прв пат е номиниран за Оскар пред 23 години за споредна улога, а  оттогаш беше номиниран уште 4 пати, но никогаш не беше награден. Цел цвет постојано навиваше за Оскарот да се најде во негови раце и овој пат конечно сите си одат дома задоволни, особено неговите верни фанови кои стоеја до утринските часови пред “Долби” театарот во Лос Анџелес.

Лео се заблагодари на режисерот и на неговиот колега од филмот Том Харди велејќи:
„ Tвојот бестрашен талент на големото платно, само го дополнува фактот дека си најголем пријател надвор него“.
oscars-ceremony-di_3585141b
Уште еден заслужен Оскар беше доделен за филмот „Spotlight“ во категоријата за најдобар филм, кој ја раскажува приказната за истражувањето на „Бостон Глоуб“ злоупотреба на децата од страна на Римската католичка црква.

Актерката на филмот „Room“, Бри Ларсон, го доби Оскарот за најдобра женска улога, а Оскарот за најдобра режија замина во рацете кај Алехандро Гонзалес Инауриту за  „The Revenant“.
„Ти благодарам Леонардо што го даде своето срце, душа и живот за улогата во овој филм“- изјави режисерот на сцената.
oscars-ceremony-br_3585139b
Alejandro Inarritu
“Mad Max: Fury Road” беше најнаградуван филм на вечерта и успеа дома да се врати со 6 Оскари, по него „The Revenant“ со 3 и „Spotlight“ со 2 Оскари.
keaton

Британскиот пејач Сем Смит беше награден за најдобра песна, а наградата ја посвети на геј популацијата во светот.
Тој ја преработи темата „Writing’s On The Wall“ со пријателот Брит Џими за последниот филм за Џејмс Бонд “Spectre“.
Марк Риланс ја доби наградата за најдобра споредна улога во филмот „Bridge Of Spies“.

oscars-ceremony-ry_3585120b
Оскарот за најдобра костимографија отиде во рацете на Британката Џени Бивен за „Mad Max: Fury Road”.
oscars-costume-Bea_3585131b

За покојните актери Алан Рикман и Кростофер Ли, како и за пејачот Дејвид Боуви беше оддадена посебна чест во делот „In Memorium“.

Американскиот потпретседател Џо Бaјден се појави на сцената за да го најави настапот на единствената Лејди Гага со песната „Til It Happens To You“ за документарецот „The Hunting Ground“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.