Концерт на ансамблот за современа музика „КонТемпора“

0

Вечерва во Музејот на Град Скопје по повод четвртата фестивалска вечер од 39. Денови на македонска музика, ќе настапи ансамблот на современа музика „КонТемпора“ на сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ.

Овој ансамбл е формиран во 2014 година од СОКОМ со цел да изведува и промовира нови дела на македонски авторил, но и на автори од различни делови на светот. Ансамблот го сочинуваат дваесет инструменталисти и во зависност од репертоарот настапува во различни инструментални формации.

На вечерашниот концерт ќе учествуваат 11 инструменталисти, под водство на диригентот Иван Еминовиќ.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот