Компирот во служба на убавината (видео)

0

Секој сака совршена кожа, без дамки, акни, брунки… Но, совршената кожа е нешто на што мора да поработите, особено ако имате и генетски предиспозиции за таа да не изгледа идеално.

Акните, црвенилото и дамките се навистина голем проблем. Тој може да се реши со козметички третмани или со креми за кожа, на пример. Но, дел од овие проблеми може да се решат и на природен начин, со намирница што ја имате во кујната. Всушност, според „бјути“ влогерката (видео блогерка) Ишита Чанда, лицето можете да го исчистите со жив компир и тоа за седум дена.

За ова ви се потребни компир, нож, блендер, мала чинија и памукче.

Најпрво измијте го комирот па излупете го. Немојте да го бришете или да го миете по лупењето, бидејќи правот кој ќе остане на него по лупењето е од витално значење за кожата. Исечете го компирот на тркалца дебели околу 1 сантиметар.

Пред третманот измијте го лицето со вода и сапун или со маслиново масло. Потоа масирајте го лицето со компирот, тријте ја кожата со кружни движења и правете го ова околу 10 минути. Особено обрнете внимание на местата каде што имате темни дамки.

Употребените парчиња компир ставете ги во блендер и мелете ги да пуштат сок. Кога ќе добиете сок, ставете го во чинија. Со памукчето нанесувајте го сокот од компир на лицето како крема. Сокот, всушност треба да е маска, па затоа оставете го да се исуши на лицето околу 20 минути.

Откако ќе се исуши со парче компир повторно измасирајте го лицето. Кружните движења би требало да бидат одличен пилинг за кожата. На крајот измијте го лицето.

Сокот што ќе ви остане можете да го чувате за следните неколку дена, или пак секој ден можете да правите нов сок.

Компирот содржи витамини и минерали кои се совршени за козметички третмани, но избегнувајте да го користите ако имате оштетена кожа или ако кожата ви крвари.

Погледнете го видеото за да видите како Ишита го негува своето лице. Таа препорачува – повторувајте ја оваа постапка барем една недела секој ден.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот