Комбинирајте ја храната за да биде уште похранлива

0

Навистино е важно какви намирници внесувате во вашата исхрана, но уште поважно е одредени продукти да ги комбинирате со други за да го извлечете максимумот од храната кој ќе биде благодет за вашиот организам и ќе влијае на вашето здравје во иднина. Еве кои продукти би требало да ги комбинирате за да имате бенефит од вашето секојдневно консумирање на храната.

Чај и лимон

Лимонот го зголемува дејството на моќниот антиоксиданс, па во секој детоксикациски пијалак, како чајот  
додадете по половина цеден лимон.

kombiniranje-na-hrana (5)

Црно чоколадо и јаболка

Кверцетинот од јаболката во комбинација со антиоксидансите од црната чоколада се одлични за заштита на крвните садови. Штитат од срцеви заболувања, настанување на тромбоцити и ја подобруваат циркулацијата. Ако на тоа додадете малини, грејпфрут и црно грозје, ќе добиете комбинација која ќе ве штити и од малигни заболувања.

kombiniranje-na-hrana (4)

Банана и јогурт

Оваа комбинацијата од банана и јогурт е одлична против болка во мускулите, односно е богата со гликоза, калиум и аминокиселини. Hутриционистите оваа комбинација ја препорачуваат по долготрајна рекреација или напорен тренинг.

kombiniranje-na-hrana (6)

Домати и месо

Кога јадете намирници богати со железо, задолжително јадете и намирници богати со витамин Ц, заради полесното сврзување на железото во крвта. Затоа, ако јадете месо, зелен зеленчук, цвекло, аричок или суво овошје, задолжително јадете и црвена пиперка, портокал, лимон или домати.

kombiniranje-na-hrana (3)

Житарки и бобинки

Kомбинирајте ги житарките од цело зрно со боровници, малини, брусници и рибизли. На тој начин вашето тело ќе апсорбира и до пет пати повеќе железо.

kombiniranje-na-hrana (2)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот