Колку време е потребно за да забремени жената?

0

Иако за некои парови забременувањето е лесен процес и успешен, некогаш дури и при првиот обид, сепак за повеќето кои планираат да го прошират своето семејство овој пат воопшто не е лесен.

Секако мора да постои некаков просек кој би требало да помогне во остварување на овој план, нели?

Доколку се земат во предвид анкетите, кои покажуваат дека не само што постои просек, туку и прецизен број кој ќе помогне во остварувањето на посаканите резултати, а тоа е – 78!

78 пати за 158 дена, односно околу 6 месеци. Во просек толку пати е потребно да имате сексуални односи како би затруднеле и тоа од моментот кога ќе ја донесете одлуката и ќе почнете со обидите, па се до моментот кога ќе ги видите двете црвени линии на тестот.

За да стигнеме до оваа бројка, порталот ChannelMum наменет за младите родители, одлучил да направи анкета во која учествувале 1,194 млади родители. Тие исто така откриле дека мнозинството парови во просек имале сексуални односи 13 пати месечно за да постигнат позитивни резултати.

Резултатите од анкетата исто така покажале дека овие сексуални односи се разликуваат многу од вообичаените, а анксиозноста која се појавува како последица од постојаното размислување и очекување за позитивни резултати, дури кај 18% од паровите, сексуалниот чин го претвора во обврска. Останатите 43% чувствувале притисок и страв дека обидот нема да биде успешен.

Овој процес може да биде забавен, но и напорен, стресен и често пати да се покаже како неуспешен. Затоа додека сте фокусирани на вашето идно бебе, многу е важно да уживате со партнерот и да не заборавите дека пред се треба да се посветите еден на друг.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.