Колку течности треба да внесуваме кога сме болни?

0

Лекарите препорачуваат да внесуваме многу течности кога сме болни за да не дехидрираме. Сепак, колку течности се доволно?

Нормално е да изгубиме повеќе течности кога сме болни. Причината за ова е повраќање, дијареjата, покачената температура, потењето, а и метаболизмот работи побрзо од вообичаено. И токму затоа ни е потребна дополнителна хидрација.

Недостатокот на течности може да влијае на способноста на телото да се бори против инфекции, а кај болните луѓе се јавува дехидратација која се манифестира со суви усни, сува кожа, главоболка, замор и слично.

Ама, новите испитувања велат дека внесувањето доволно течности нема директно да влијае на инфекцијата или да го излекува самиот проблем. Течноста треба да се внесува поради повторното воспоставување на баланс помеѓу електролитите и волуменот на крвта.

Се препорачува дневно да се испијат до осум чаши вода, односно околу два до два и пол литри, а во време на болест таа количина да биде нешто поголема.

Важно е да внесувате течности колку што ви бара телото, не само да пиете затоа што лекарите велат дека е така.

Одржувајте нормален внес на течности и надополнувајте ги течностите што сте ги изгубиле, но немојте да претерувате.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.