Колку сме постари, толку помалку спиеме

0

Сите научници се согласуваат дека сонот е најважен за здравјето. Исто така, дека ние во просек не спиеме доволно.

Тим научници од Калифорнискиот Универзитет во Беркли тврди дека кога сме постари, многу помалку се чувствуваме поспани, што е многу штетно за нашето здравје. Тоа најмногу се случува поради рецепторите во нашиот мозок кои примаат сигнали за потреба од сон, кои со текот на времето слабеат. Односно, тие велат дека “овие сигнали стануваат како сигнал од слаба радио антена. Сигналите постојат, но радио не успева да ги дофати“. Метју Волкер кој е водич на оваа лабораторија научници од Беркли, вели дека мозокот дури не е ни во состојба да препознае знаци на сон и нашата потреба од спиење почнува да се намалува со зголемувањето на бројот на годините.

Иако, доволниот сон може да помогне во борбата против стареење, односно со многу сон ќе старееме побавно.

Резултатите од истражувањата велат дека луѓето во педесетите години успеваат да отспијат околу 50% количина на длабок сон во однос на тоа колку спиеле кога имале 20 години.

Тоа е веројатно една од најдраматичните промени кои настануваат со стареењето.

Во моментов, тие не можат да не упатат кој е најдобриот начин за борба против оваа состојба, но велат дека стимулансите или бихевиорална терапија мора да се одбегнуваат ако сакаме мирен сон.

Исто така, не се согласуваат дека треба да се користат пилули за спиење, бидејќи тие не обезбедуваат длабок сон и вистински одмор.

 

Извор: dominomagazin.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.