Колку предните светла се важни за безбедноста во сообраќајот?

0

Американскиот институт за безбедност на патиштата кој во 2012 година го воведе револуционерниот креш-тест за автомобили при мало преклопување на челните површини, сега почнува да ја оценува безбедноста на патничките возила врз основа на квалитетот на нивните светла.

Да ги забележиш на време другите учесници во сообраќајот, и за да бидеш на време забележан, и притоа да не го заслепиш возачот кој доаѓа од спротива-најважни се функциите на предните светла. Овие својства беа основа за воведување на новиот тест на Американскиот институт, а првите резултати беа изненадувачки-најскапите модели на автомобили немаат секогаш најбезбедни светла.

светла 2

Институтот во првата серија спроведе тестирање на ефикасноста на светлата на 31 модел со средна големина достапни на пазарот во САД, а најдобро се покажала Тојота Приус +. Овој автомобил единствен добил оценка “добар“.

Оценка “прифатливи“ имаат добиено светлата на Ауди А3, Мазда 6, Субару Аутбек, Фолксваген Џета, Волво С60…

Со “незадоволитетлни“ беа оценети Бмв 3, Ауди А4, Форд Фјужн, Субару Легаси…

А до категоријата “лоши“ се сместени и некои луксузни возила како што е Кадилак АТС, Мерцедес Ц-класа, Мерцедес ЦЛА, Киа Оптима, Фолксваген Пасат…

Светлата се испитувани на специјално припремен полигон, во темница, а мерењата се вршени при користење на кратки и долги светла, при што мерните инструменти покажале резултати во 5 различни начини на работа-од правец, од остар лев и десен свиок, и од благ лев и десен свиок.

светла 3

Од институтот веруваат дека овие резултати ќе допринесат за подобрување на светлата од произведувачите. Исто така напоменуваат дека добрите предни светла можат значително да влијаат на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, ако се земе во предвид дека најголем број на незгоди се случуваат токму навечер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот