Колку навистина знаеме за заштита од сонцето?

0

Летото е во полн ек, сонцето во текот на денот создава се поголема топлина, кога не потсетува дека е потребно да се заштитиме од неговите зраци.

Дали знаете дека покрај UVE и UVB зрачењето, постoи опасност и од IRA зраците?

Инфрацрвените А зраци (IRA) сочинуваат една третина од сончевото зрачење, што значи дека можат да бидат причина за оштетување на кожата, исто како и UV зраците.

Важно е да се напомене дека IRA зраците носат уште поголема опасност, бидејќи продираат подлабоко во кожата од UV, така што можат да бидат причина и за проширени капилари.

Заради сето тоа, кога бирате производ за заштита од сонце, обрнете посебно внимание на заштитата која е наведена, односно дали стои ознаката за IRA. Важно е производот да биде направен без вештачки бои, мирис, масла, конзерванси и штетен парабен.

Прашањето што следи е: „Која е најдобрата заштита?“

Најдобарата заштита е да не се изложуваме на сонце, но тоа е невозможно, така што потребно е секојдневно да се користи крема за заштита од сонце. Кремите не се само за летните одмори, туку буквално за секој ден додека траат најжешките месеци.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот