“Колку е потребно за среќа” – нова книга на Ана Бунтеска

0

Авторката Ана Бунтеска овој петок на 23 септември ќе се дружи со своите фанови  кои ги има во голем број. Причината за овој настан е нејзината најнова книга “Колку е потребно за среќа”.

Потпишувањето ќе започне во 19 ќе трае се до 21 часот во клуб Матица на булевар “Климент Охридски” бр.23.

Овие два часа љубителите на нејзиниот пишан збор ќе имаат прилика и да се фотографираат, но и да поразговараат за нејзиното творештво.

Веќе следниот ден, во кафеаната “Сокаче” ќе се одржи и официјалната промоција на книгата со почеток во 20:30 минути.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар