Колку чини најскапиот хот-дог?

0

Одреден број на купувачи во неколку светски метрополи ја имаат честа да го пробаат најскапиот хот-дог на светот. Ако помисливте дека овој екстремно скап хот-дог се продава во некој луксузен  ресторан, погрешивте.

Најскапиот хот-дог на светот се продава во киоск сместен во камион, а она што го прави скап е состојките кои ги содржи. Имено, најскапиот хот-дог на светот освен лепче и говедска колбасица, произведена од органски хранети говеда, содржи и сенф со тартуфи кој ја крева цената на овој производ, па така моментално најскапиот хот-дог на светот чини цели 100 американски долари.

Овој хот-дог се продава во Мелбурн, Њујорк, Лондон и Париз, а секој што ќе си купи ваков хот-дог добива и гратис тегличка со сенф со тартуфи кои се произведуваат само во една француска област и се собираат само од октомври до март.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот