Колку често треба да правите ПАП тест?

0

Американското здружение за родилки и гинекологија советува жените да не прават ПАП тест пред да наполнат 21 година. Потоа треба да се прави на секои две години до наполнета 29 година, а потоа на секои три години.

Ова е големо отстапување од претходното упатство според кое со овој тест требаше да се започне во 18 година од животот, и тоа еднаш годишно. Слично упатство се применува и во Канада со тоа што со прегледи може да се почне и пред 21 година ако лицето е сексуално активно.

Причината за ова е што многу малку жени заболуваат на рак на грлото на матката во периодот од 18-21 година, која претходно се сметала за целна група за рано откривање на оваа болест. Развојот на болеста е бавен и потребни се години за таа да се развие, па оттаму е оправдано упатството ПАП тестот да се врши во временски интервали подолги од една година.

Тестот се прави едноставно – се зема брис од грлото на матката, а потоа во лабораторија се проверува дали постојат абнормалности или промени во клетките што можат да укажат на постоење рак на грлото на матката. Проблемот е во хуманиот папилома вирис (ХПВ) кој е чест и се пренесува преку сексуален однос, а тоа може да предизвика промени во клетките што се потполно безопасни. За да се утврди дали станува збор за потенцијален рак, потребно е да се направат дополнителни контролни прегледи.

Најризична група се жените на возраст од 35 до 50 години заради бројот на сексуални партнери што ги имале во животот, а многу од нив никогаш и не биле на гинеколошки преглед.

Истовремено, од здружението истакнуваат дека и лицата што се вакцинирани со ХПВ вакцина треба да прават ПАП тест, видејќи вакцината не штити од сите вируси што можат да предизвикаат рак на грлото на матката.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум,задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.