Колкаво е нивото на шеќер во кафиња со вештачки вкусови

0

Дали некогаш сте се запрашале колкаво е нивото на шеќер во вашите омилени кафиња кои имаат вештачки додадена арома на ванила, карамела и слично?

Во Британија неодамна беше спроведена масовна кампања за опасноста од кафињата кои се продаваат во ланците од кафетерии, а имаат различни вкусови кои секако се вештачки додадени.

Огромна доза на шеќер била најдена во овие широко употребувани напитоци како мока лате, топло чоколадо, кафе со вкус на ванила и останатите кафиња.

Истражувањето всушност е направено на 131 топол напиток со засладен вкус, а 98 од нив добиле црвена вредносна линија од нутриционисти како предупредување за количеството на шеќер содржано во нив.

Во ова категорија влегуваат и инстант кафињата каде содржината на кафе во нив е минимална, а најчесто се користи кафе со полош квалитет. Во секој случај, какво и да е употребеното кафе, квалитетно или не, во процесот на термичка обработка ги губи сите позитивни својства. Главна состојка на овие напивки е шеќерот, кој во комбинација со билна маст, гликозен сируп, арома и останатите додатоци дава привлечен вкус. Хидрогенизираната билна маст може да биде извор на штетни масни киселини, а полифосфатите кои се регулатори на киселоста имаат лошо влијание на здравјето на коските.

Како замена за овие кафиња е македонското црно кафе кое има многу предности. Богато со минерали, првенствено со манган и магнезиум, како и со витамин Б3, има силни антиоксидантни својства и придонесува за здравјето на мозочните клетки.

Но секогаш имајте на ум дека со ништо не треба да се претерува, бидејќи внесувањето на преголема доза на чист кофеин може да има негативни последици по здравјето. Умереност пред сè.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.