Колкава количина на марихуана е доволна за безбедно возење?

0

Марихуаната се легализира во сè поголем број држави, па се поставува прашањето како ќе се одреди дали некој корисник е способен или не да вози автомобил. За алкохолот има јасно одредени стапки, но телото не ја апсорбира марихуаната на ист начин. Особено е тешко да се одреди кај редовните корисници бидејќи тие не покажуваат знаци на онеспособеност за возење после конзумирањето.

Присуството на марихуана во крвта не е сигурен знак за тоа дали некој е способен да седне зад воланот или не, а тестирањата не секогаш даваат точни резултати“ вели  Џејк Нелсон од Фондацијата за безбедно возење во Соединетите Американски Држави. Сепак, во многу земји се смета дека возачот е виновен доколку се покаже присуство на марихуана во крвта.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот